25.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

7 и 8 јануари неработни денови, Владата ја смени препораката за работа в недела и за време на божиќните празници

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека Владата на Република Северна Македонија на денешната 216-та седница ја промени препораката за работа в недела и за време на божиќните празници во трговијата на мало, донесена на 214-тата владина седница.

Имено, Владата го разгледа и прифати посочувањето на Министерството за труд и социјална политика дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови во согласност со Законот за празниците на Република Северна Македонија.

Владата на денешната седница одлучи да престане да важи препораката за работа на 7 и 8 јануари 2024 година на продавниците, штандовите и на киосците што вршат трговија на мало за време на божиќните празници.