24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Невработеноста во Германија во декември порасна на 5,9 отсто

Невработеноста во Германија се зголеми на 5,9 отсто во декември од 5,8 отсто во ноември и сега е највисока од мај 2021 година, објави германската Федерална канцеларија за труд со седиште во Нирнберг.

Бројот на невработени се зголеми 11-ти месец по ред, овој пат за 5.000, на вкупно 2,706 милиони, се наведува на веб-страницата на организацијата.

Пазарите очекуваа бројот на невработени во Германија да се зголеми за дури 20.000 во декември.

На годишно ниво бројот на невработени во Германија се зголемил за вкупно 186.000.

Највисока невработеност традиционално е забележана во германските сојузни покраини Бремен и Берлин, а најниска во Баварија и Баден-Виртемберг.

„Пазарот на трудот продолжува добро да се држи со оглед на нивото на обемот на работа и несигурноста“, коментира претседателката на Федералната канцеларија за труд, Андреа Налес.