25.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Почина маж откако му се слошило додека возел и излетал со возилото

На 01.01.2024 во 18.30 часот во СВР Битола, е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Прилеп кај место викано Џаферица, на И.С.(67) од Прилеп, додека управувал патничко моторно возило марка „сузуки“ со прилепски регистарски ознаки, му се слошило и возилото излетало од патот.

И.С. починал на лице место, смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош, а во консултација со јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.