Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, намалени цени.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бензините поевтинуваат за половина денар по литар, а дизелот се намалува за еден денар за литар.
Па така, од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 77 денари, бензинот БС-98 ќе чини 79,5 денари за литар, а литар дизел ќе се продава за 73,5 денари. Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава по 73 денари за литар.
По пониска цена ќе се продава и мазутот кој поевтинува за 0,839 денари, а еден килограм ќе чини 41,236 денари.