23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Стабилно до Нова година, потоа дожд, студ и ветер – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

До понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, од утре со зголемена променлива облачност. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и таму температурата преку денот ќе биде пониска. Од понеделник преку денот ќе дува слаб до повремено умерен претежно југозападен ветер.

Прогноза за 31.12.2023
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 9°C до 15°C

Променливо облачно и тивко, по котлините со појава на утринска магла.

Прогноза за 01.01.2024
Минимална температура: -4°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 16°C

Сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. По котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми.

Прогноза за 02.01.2024
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Претпладне облачно со локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.