Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Расчистено разбојништвото во фабриката за производство на канабис во Чегране, приведени пет лица

Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по преземени мерки и активности и обезбедени материјално –технички докази во содејство и координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Охрид, ОВР Струга и ОВР Дебар целосно го расчистија разбојништвото извршено на 26-ти ноември годинава во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране, соопшти МВР.

Завчера и вчера (26.12 и 27.12.2023) полициските службеници лишија од слобода пет лица, а Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“ против; Н.И.(39) од Дебар, Н.Р.(29) и Г.С.(36) од Струга и гостиварците Р.Б.(32) и Г.Б.(18). Тие се сомничат дека на 26-ти минатиот месец околу 22 часот и 30 минути физички го нападнале вработениот во обезбедувањето на фабриката во Чегране, а потоа заканувајќи му се со огнено оружје го врзале, по што од просториите на правното лице одзеле 44 вреќи со вкупно 552, 85 килограми канабис, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Фрчат казни: Во месец октомври 16.801 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 121 лице за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Ужас во Скопје: Прегазил пешак, па побегнал – полицијата го најде

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК