Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСвест

Битиќи: Во шест години имаме исплатено 100 милиони евра финансиска поддршка за домашни компании, наспроти нула испалтени претходно

„До воведувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестиции состојбата е следна: поддржани нула домашни компании, со нула финансиска поддршка за нивните инвестиции. ЗФПИ првенствено донесе ист третман на домашните со странските компании во поддршката кон нивните инвестиции и сега 6 години подоцна ја имаме следната состојба: во моментов целото портфолио во мојот кабинет е од 919 компании, кои во овие 6 години имаат инвестирано над 500 милиони евра а имаме исплатено 100 милиони евра финансиска поддршка кон нив“ истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на прес-конференција.

Тој додаде дека преку оваа поддршка се јакне довербата и партнерскиот однос помеѓу стопанството и институциите, бидејќи ако порано постоел страв да се побара било каква поддршка од државата, затоа што тоа значело инспекции и уцена, денеска имаме сосема поинаква слика.

„Не само на редовна исплата, која пред 2 години ја направивме и во две годишни транши за да ги помогнеме компаниите во нивната ликвидност за време на кризата, туку и од 2020 година со почетокот на мојот мандат, имаме 100 пронцети исплата на државната помош“ рече Битиќи.

Вицепремиерот кажа дека оваа година е исплатена рекордна сума на финансиска поддршка кон компаниите од 39,6 милиони евра исплатени кон 513 компании, кои во 2022 година реализираеле вкупно инвестиции од 153,3 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Лоша вест: Поскапуваат сите горива – Падна одлука во РКЕ

ДЕСК

„Луѓето треба да се пензионираат подоцна за да излезат од кризата“

ДЕСК

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година

ДЕСК