18.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа, денес, во 3.26 часот, регистрира земјотрес, чиj епицентар се наоѓа во Република Косово, на 20 километри северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 2,3 степена.

Според досегашните податоци со кои располага македонската опсерваторија, земјотресот е почувствуван од населението во околината на градот Скопје со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.