28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија плаче: Шеснаесет годишник почина во кочанската болница, телото е предадено на обдукција

Момче на 16 годишна возраст почина во кочанската болница откако претходно било донесено во состојба на бесознание.

Од МВР информираат дека лицето во болницата било донесено вчера околу 20.30 часот.

„И покрај укажаната лекарска помош и реанимација тој починал, а смрт констатирал лекар“, велат надлежните.

Првичните информации се дека на телото не се забележани траги на насилство но сепак последниот збор за тоа треба да го даде извештајот од обдукцијата.