Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Природно се издвоија два блока – едниот за интеграција во ЕУ, а вториот против

„Кај нас природно се издиференцираа два блока, едниот за интеграција и вториот против интеграција, каде има две нијанси едната апсолутно против, а другата декларативно за, но прави се за да не влеземе во ЕУ. Затоа на изборите ќе се судрат два концепта“ рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.

Тој ги повика сите партии без разлика на етничката и идеолошката профилација, невладините, поединците и активистите да се вклучат во европскиот фронт, кој, според премиерот, е добитна комбинација.

„Во 2024 година ќе имаме избори каде прво ќе победи претседателски кандидат предложен од СДСМ и поддржан од прогресивната коалиција и потоа европскиот фронт ќе победи и на редовните парламентарни избори“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека тој ќе биде кандидат за пратеник и носител на првата изборна единица.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК