17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места снег

Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, особено претпладне. Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег, информираат од УХМР. Локално ќе има појава на голомразица, а ќе дува засилен северен ветер (и над 60 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината од снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 4 степени.

Од недела времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура и со пораст на дневната, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла и ќе се задржи студено преку целиот ден.

Можеби ќе ве интересира

ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ИМ ТЕКНЕ ДА ГО ПОВТОРАТ ДЕЛОТО: Осумнаесетгодишна скопјанка и малолетничка агресивно се однесувале кон полициски службеници

ДЕСК

Драматична ноќ во Стара чаршија – полицијата уапси лице кое што агресивно се однесувало

ДЕСК

Едно лице повредено по судир меѓу бмв и мопед

ДЕСК