Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

29-годишниот струмичанец на 6 декември влегол во Бугарија каде живее неговата мајка

Во тек на вчерашниот ден беше соопштено дека 29-годишниот Марко Давчев од Струмица бил исчезнат една недела.

Првично, од МВР потврдија дека момчето било пријавено за исчезнато на 9-ти декември, и се преземале мерки за негово пронаоѓање.

Од полицијата излегоа со информација дека во врска со објавите на социјалните медиуми за лице М.Д.(29) од Струмица, кое се оддалечило од домот во Струмица, пријавено во Полициската станица Струмица на 09.12.2023 од страна на неговиот татко Т.Д.(64), ве известуваме дека од страна на СВР Струмица веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање.

Меѓу другото, извршени се проверки на граничните премини кон Бугарија, земја во која лицето редовно одело во посета на неговата мајка, при што е утврдено дека М.Д. остварил излез од државата на 06.12.2023 во 18.20 часот на Граничен премин Ново Село. Се преземаат и дополнителни мерки за расчистување на случајот- истакнаа од СВР Струмица.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ до ВМРО ДПМНЕ: Доста глумите опозиција – Каде е Наум Стоилковски со репортажи во живо да каже дека гори на 20 локации?

ДЕСК

Скопје како Бејрут: Скопјанец среде Карпош претепан од повеќемина, а потоа му го демолирале и возилото

ДЕСК

Пронајден починат маж од Неготино – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК