25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дете нападна маж во Битола за да му украде 1.500 денари – човекот бил соборен и удиран со клоци по телото

Битолското обвинителство поднесе барање за поведување подготвителна постапка против 16-годишно дете поради разбојништво.

На 13 декември, во близина на битолската Клиничка болница, детето пристапило до еден оштетен и физички го нападнало, удирајќи го по главата и телото и барајќи му пари. Кога оштетениот рекол дека нема пари, детето го соборило на асфалтот и продолжило да го удира со клоци по телото, а потоа му ги пребарало џебовите од каде одзело паричник со 1.500 денари, банкарски картички и лични документи, велат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до Судијата за деца достави предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.