16.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Владата со 13 милиони евра ќе поддржи 129 проекти во сите 80 општини

800 милиони денари или околу 13 милиони евра за 129 проекти од буџетската Програма за рамномерен регионален развој се насочени како директна поддршка на инклузивниот регионален развој за проекти можности за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во урбаните и руралните средини во сите 80 општини во целата држава, пишува порталот „Рацин.мк“.

Со оваа програма се прави исчекор кон намалување на социо-економските разлики, поттикнување на единството меѓу руралните и урбаните области и подобрување на севкупната социјална благосостојба на нашите граѓани, за градоначалниците во општините оваа програма и финансиските средства издвоени за конкретни проекти се обврска да осигурат овие средства да се претворат во опипливи резултати за подобрувања на животот на сите граѓани во нашите општини.

„Се надевам дека овие финансиски средства за секој поединечен проект, максимално одговорно и совесно ќе ги искористат. Заедно треба да градиме инклузивна и одржлива иднина за сите наши сограѓани во државата, да создаваме можности за просперитет кој нема да познава граници“, изјави на настанот на кој беа потпишани договорите меѓу Владата и градоначалниците на 80 општини вицепремиерот задолжен за координација на економските ресори Фатмир Битиќи.

Како што објави порталот „Рацин.мк“, проектите се распределени во 4 групи и тоа проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност; проекти за подрачја со специфични потреби; проекти за развој на селата од програмата за Рамномерен регионален развој; и проекти за развој на урбани подрачја.

Дури 440 милиони денари се наменети за 29 регионални проекти кои ќе се реализираат преку осумте плански региони, додека 360 милиони денари се наменети за 100 локални проекти кои ќе се реализираат преку единиците на локалната самоуправа.