Во рамките на политиките за рамномерен регионален развој на Владата се предвидува децентрализација со која што се овозможува зајакнување на локалнитe заедници, нивен развој и демократизација, како еден од важните реформски процеси кои се потребни за забрзан развој, но и рамномерен и праведен развој кој ќе одговара на потребите на граѓаните, пишува порталот „Рацин.мк“.
Фокусот на децентрализацијата на краток рок треба е ставен на зајакнување на општините преку подобрување на рамката за финансирање и зголемување на нивните надлежности, овозможувајќи висок степен на автономија, без притоа тој никако да не биде на штета на граѓаните, туку во нивна полза, бидејќи општините, како и сите други јавни институции, се сервис на и за граѓаните.
Како што се вели во анализата на „Рацин.мк“, составен и суштествен дел од овој процеси е и фискалната децентрализација за независност во постапување на општините за поквалитетни услуги за граѓаните. Токму поради тоа, граѓанинот мора да знае дека секој денар кој го плаќа има цел и тој ќе ги види резултатите од плаќањето на даноците.
Со стратегијата е предвидено дури 1% од БДП секоја година да се издвојува како инпут за подобрување на благосостојбата на регионите и намалување на регионалните нерамномерности. Во таа насока, за ефикасно следење и спроведување на политиките за рамномерен регионален развој, Владата ја имплементираше дигиталната алатка „Сирера“ за целосна транспарентност и отчетноста на институциите и за точен преглед на сите инвестиции кои произлегуваат од националниот буџет и се инвестираат на регионално ниво.