Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: 1.200 до 1.800 денари месечно за 105 илјади ученици

Со СДСМ има повеќе за сите, младите добиваат повеќе. Новиот пакет антикризни мерки обезбедува поддршка за 105.000, ученици од основно и средно образование, чии семејства имаат ниски примања до 50.000 денари месечно за период од шест месеци, соопшти СДСМ.

„До завршување на училишната година 70.000 ученици од основните училишта ќе добијат 7.200 денари, односно по 1.200 денари месечно.

Во истиот период 35.000 средношколци ќе добијат 10.800 денари или по 1.800 денари месечно.

За 15.000 студенти, кои живеат надвор од местото на студирање се обезбедни се ваучери за превоз во вредност од 600 до 1.200 денари.

Од следниот семестар, субвенционираниот студентски оброк ќе се плаќа неделно, со што студентите ќе имаат на располагање по 840 денари секоја недела.

СДСМ на дело ја покажува грижата за младите, за учениците, за студентите, за сите граѓани.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Берлински процес во Лондон: Средба на МЕП Муртезани со британскиот министер за Европа, Доти

ДЕСК

Герасимовски: Во две смени работат нашите хигиничари, Комунална хигиена мора да се освести ни се спрема катастрофа

ДЕСК

Средба Гаши – Солстром

ДЕСК