25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уапсен 16-годишник, нападнал и ограбил битолчанец

Денеска во 03.50 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Битола заради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” казниво по член 237 ст.1 од КЗ, извести МВР.

„Имено, малолетникот на 13.12.2023 во 03.20 часот на ул.„Партизанска“ во Битола физички го нападнал Д.С.(68) од Битола и му го одзел паричникот. Малолетникот во присуство на родител е приведен во полициска станица Битола, при што во целост го признал кривичното дело, а украденото е вратено на сопственикот“, соопшти МВР.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.