28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Луксембург, Марк Хубш

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Марк Хубш, новоименуваниот амбасадор на Големото Војводство на Луксембург за Република Северна Македонија, со седиште во Луксембург.

Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма потенцираше дека во скоро тридецениската историја на дипломатски односи, со заеднички напори Големото Војводство на Луксембург и Република Северна Македонија успеаја да изградат динамични политички односи и солидно ниво на меѓусебна соработка во повеќе области. Претседателот ги изрази интересот и подготвеноста за натамошно интензивирање и продлабочување на заедничката соработка во сите области од заемен интерес, пред сè, интензивирање на соработката на економски план. Посочувајќи дека Луксембург е земја основач на Европската Унија и еден од најгласните застапници на процесот на проширувањето, претседателот Пендаровски искажа особена благодарност што Луксембург секогаш застапува став на оптимизам во дискусиите на состаноците на Советот на ЕУ за досието на Северна Македонија.

Амбасадорот на Луксембург, Марк Хубш во својот говор изрази убедување дека постои потенцијал за натамошно подобрување на билатералните односи, пред се во економијата. Тој посочи дека Луксембург, како најголем центар за инвестициски фондови во Европа и иновативен лидер во однос на зелените финансии, дефинитивно може да одигра важна улога во тој поглед. Амбасадорот Хубш ја реафирмираше недвосмислената поддршка на Луксембург за перспективата за членство во ЕУ на Западен Балкан и нагласи дека процесот на проширување е инвестиција во мир, безбедност, стабилност и просперитет. Тој порача дека членките аспиранти треба да ги засилат своите реформски напори, особено во областа на владеењето на правото, во согласност со природата на процесот на пристапување заснована на заслуги и со помош на ЕУ.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Хубш му посака успех во извршувањето на оваа исклучително значајна дипломатска мисија.

Можеби ќе ве интересира

Физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава – детали за убиството во Кавадарци

ДЕСК

Денес е неработен, а веќе следниот месец следува продолжен викенд – Еве ги преостанатите празници до крајот на 2025

ДЕСК

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

ДЕСК