„Ги активиравме хидро-потенцијалите, мотивиравме употреба на обновливи извори на енергија, како што е поставување на фотонапонски панели, за што ги олеснивме процедурите, за нивно поставување како за граѓаните така и за компаниите. За нешто за што беа потребни 6 месењци за вадење на дозвола, сега е потребно само еден ден известување,“
Тој посочи дека подршката од ЕУ исто така била од големо значење. И воедно упати благодарност за подршкаат од 80 милиони евра за справување со енергетската криза.
„Германија е наш голем пријател, земја во која извезуваме половина од нашиот извоз, држава од каде доаѓаат половина од нашите странски директни инвестиции. германскиот канцелар и Влада секогаш се на располагање на нашата држава при носењето на одлуките во Европската унија,и да не заборавиме дека претседателката на ЕК е исто така од Германија,“ рече Ковачевски.
За Шпанија Ковачевски посочи дека е држава која претстедава со ЕУ и дека подршкаат кој аја добиваме е на високо ниво.
„Како држава не сме големи ама сме големи зошто имаме големи пријатели во ЕУ и светот. И како што Претседателката на ЕК кажа дека ЕУ ќе биде покрај Северна Македонија,и зедно ќе ги надминеме предизвиците, од најголемата глобална и енергетска криза предизвикана од војната во Укараина. Овие средства беа поддршка на ланскиот антикризен пакет мерки, во износ од над 760 милиони евра.кои Владата ги донесе и според податоците на Светската Банка е највисока буџетска подршка во регионот за справување со кризата,“рече Ковачевски.
Тој посочи дека тоа е најенергичниот одговор во регионот на Западен Балкан, кој согласно оценките на групацијата на Светска Банка изнесува околу 5% од БДП, за споредба кај Србија изнесувал 2.5% Косово 2.1% , Албанија 1.4%, Босна и Херцеговина 0.5% , Црна Гора 0.1%.
„Пред неколку недели го донесовме и деветиот пакет антикризни мерки од 662 милиони евра, во период од околу 3.5 години, наменивме пакет антикризни мерки околу 2 милијарди евра за граѓаните и стопанството,“рече Ковачевски.