20. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија на лов во Кичево: Со пушка застрелал соселанин, човекот починал

Вчера во 15.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(56) од Кичево. Тој се сомничи дека околу 14 часот во шумски појас во атарот на кичевското село Бигор Доленци, при лов, од ловечка пушка испукал патрон и го погодил Д.Ј.(40) од истото село, по што Д.Ј. починал, соопшти МВР.

Увид на местото извршија јавен обвинител, медицински и полициски екипи, а врз телото на починатиот е извршена обдукција. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Целосна реконструкција и модернизација на пругата од Скопје до Кичево

C +

Антикорупциска брои службени возила пред изборите – институциите не ги пријавиле сите во рокот

C +

Претрес во Штип, пронајдени оружје и муниција, приведени три лица

ДЕСК