Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Тешка сообраќајка кај Визбегово

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат–обиколница на Град Скопје, кај с.Визбегово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(45) од с.Глумово, скопско и патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(20) од Скопје, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „пежо“, Ф.С.(46) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „пежо“ Б.К.(24) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ДЕСК

СЕ ПОЈАВИ АХМЕТИ, А ОД ДУИ СТИГНА ПОРАКА: Ајде, веднаш да одиме на предвремени парламентарни избори! ВРЕДИ боледува од синдромот на Газиместан!

ДЕСК

Масовна тепачка во Прилеп

ДЕСК