24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Жана Божиновска: ВМРО-ДПМНЕ ги блокира уставните измени бидејќи сака да создаде нова преговарачка рамка, за која политичарите од ЕУ рекоа дека нема да се случи

„Причината за ваквата состојба во која се наоѓаме сега е позната – уставните измени. Зошто не се направени? Опозицијата е против. Многупати повторија дека нема да гласаат за такви измени, бидејќи според нив тоа е бугарски диктат. Многупати кажаа дека доколку дојдат на власт ќе се обидат да создадат нова преговарачка рамка која ќе биде подобра за нас“ изјави новинарката Жана Божиновска во интервју за „БГНЕС“.

Таа додаде дека, сепак, доколку се следат изјавите од ЕУ и европските политичари, ќе сфатиме дека нема да има нова преговарачка рамка.

„Би рекла дека е илузија да се очекува нова рамка и нови услови за почеток на преговорите“ рече Божиновска.

Новинарката во интервјуто истакнува дека никој нема да може да предвиди кога конечно земјава ќе ги отвори поглавјата од преговорите за ЕУ доколку не ги направи уставните измени.

„Кој и да ја формира новата влада, во одреден момент ќе дојде до ситуација кога ќе се донесат уставните измени, а кога ќе биде тоа, никој навистина не може да каже“ рече Божиновска.