16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Петровски: Дали на Палчо му било ветено и бил во преговори да влезе во извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ?

Во неговата емисијат на Инфомакс, Филип Петровски упати прашање до врвот на ВМРО-ДПМНЕ, дали на убиецот на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо му било ветено и преговарал да влезе во извршниот одбор на опозициската партија.

Во емисијата Петровски изнесе низа комуникации, пишувања и интервјуа во кои Палевски и Мицкоски си даваат меѓусебна поддршка, а според Петровски токму Палевски бил човекот со кој ВМРО-ДПМНЕ правел раздор помеѓу движењата против промена на името.

Петровски изнесе низа на скриншотови од поддршката од Палевски за Мицкоски и искажувањето на нивното пријателство, а исто така објави и фотографии од учеството на Палевски на митинзи и протести на ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршката сепак била и двострана, па Мицкоски и блиски до него возвраќале со поддршка при нападите врз Палчевски.

„За нападот врз мене нема реакција, а нападот на Палевски го ословуваа дури и како обид за убиство“ рече Петровски.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК