24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Чупеска: Дали “сознанијата” на Мицкоски му потекнуваат од средбите кои ги имал со Палчо?

Мицковски имал информации и докази, што точно ќе овозможат да се открие вистината за трагичните настани кои се случија во земјава каде се убиени две лица?!

И сеуште ќути и не ги споделува со релевантните служби кои се задолжени за спроведување на истрагата, а ќе ги обелоденел за неколку месеци?!?

Невероватно што се чоеков може да каже.

Ни срам ни перде.

За да го сватиме барем малку сериозно или во најмала рака да помислиме дека чоекот “блада”, нека ни раскаже….во кратки црти што разговараа и договараа на неколкуте средби кои ги имаа со Палчо, каква заедничка платформа договараа???

Или можеби од тие средби му потекнуваат “сознаијата” со кои сега мафта.

Во секој случај мислам дека сите информации кои ги има ако воопшто ги има “час поскоро” треба да ги сподели заради задоволување на правдата : како за жртвите така и за обвинетите!

Доколку не го направи тоа, треба да е целосно свесен дека на најлош можен начин манипулира со жртвите и нивните семејства!

Значи не само што прекршува закон со прикривање (!) на “релевантните мегови информации” и манипулира со јавноста, туку ги злоупотребува, пред жртвите и нивните семејства; ги прекршува сите морални и етички вредности што треба да ги поседува еден човек.

Она што може да му се стави на некој начин како “олеснителна околност” е дека сите наведени информации кои ги има; ги чува на исто место каде што му е и “тајниот” план за нашите ЕУ интеграции без уставните измени.

пишува Ана Чупеска, извор Либертас