17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Значителна промена на времето, доаѓа и снег: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во недела претежно во западните делови во попладневните часови и кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Потоа до четврток времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, Дневните температури во овој период ќе бидат во благ пораст, освен по котлините каде ќе има појава на магла.

Прогноза за 10.12.2023
Минимална температура: -5°C до 0°C
Максимална температура: 4°C до 12°C

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег.

Прогноза за 11.12.2023
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 6°C до 12°C

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Попладне облачноста ќе се зголемува.

Прогноза за 12.12.2023
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 7°C до 13°C

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб претежно југозападен ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Можеби ќе ве интересира

Брачен пар платил 19.000 евра за луксузно крстарење, доживеал кошмарно патување

C +

Почина поранешна руска мисица: Имаше само 30 години… (фото)

ДЕСК

Септември носи драматичен пресврт за еден хороскопски знак – животот ќе му се преврти наопаку, работите ќе му тргнат во посакуваниот правец на сите полиња

ДЕСК