Сите ве уверувам дека ќе има и други имиња на црната листа на САД, рече Ангела Агелер, американска амбасадорка во Македонија и додаде дека нема конкретна временска рамка кога ќе се објават.
Кој е следниот кој ќе се најде на црната листа?
Покрај бизнисмени, на црната листа се најдоа и политичари блиски и до власта и до опозицијата.
Досега на црната листа се повеќе лица, а последно беше именуван и Кочо Анѓушев.
За реакцијата на Анѓушев дека неправедно се нашол на црната листа, одоговри и Агелер.
Таа изјави дека постојат различни начини и во различни етапи за да се изрази незадоволството на лицата кои САД ги поместуваат на „црната листа“.
Агелер денеска за време на посета на Криволак одговараше за новинарски прашања во врска со најавите на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев дека ќе ја обжали одлуката на Стејт департментот, кој го стави на „црната листа“ поради значителна корупција. Таа повтори дека листата ќе се проширува со нови лица, но не кажа кога и со кого, нагласувајќи дека не може да предвиди што ќе одлучи Вашингтон.