На социјалните мрежи се споделува статус кој наводно, пред неколку дена го споделила наставничката на убиената Вања Ѓорчевска, а во кое таа тврди дека за Денот на благодарноста, учениците имале задача да пишуваат за личноста на која најмногу и’ се благодарни. Вања напишала писмо за својот татко….
„Читам, се шири низ етеров “Писмо на една мајка”. Може одговара за многу деца и мајки низ светов, но не и за Вања. Вања е едно мило и емпатично дете, не би презела активности за да повреди или казни некого, дури и кога е лута. Правевме социјален експеримент за Денот на благодарноста, дел од задачата беше да пишуваат за личноста на која најмногу и’ се благодарни. Таа му напиша писмо на татко и’. Такви се и голем дел од децата во таа паралелка, има на кого да му се довери и кој да и’ понуди вистинска помош. Знае и дека во понеделник, на класен час, Цвете веднаш ќе ја побара и, во ситуацијава, фала Богу што е Цвете толку одговорен човек. Затоа ми е толку нереална целава ситуација. Нереално страшни ми се и некои профили со гној место душа, ама за нив во друга прилика… И верувам дека ќе ја најдеме, животот не може да е толку нефер“ се наведува во статусот.
Ова е наводен статус кој наставничката на Вања го напишала пред Вања да биде пронајдена мртва.