Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Карбинци да се извини што ширеше паника со неточни информации, велат од СДСМ

-Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов да се извини што ширеше паника со неточни информации, за наводен обид за киднапирање двајца ученици пред основно училиште во општината, соопшти СДСМ.

„Јавноста е во шок поради грозоморниот случај со убиствата во Скопје и Велес и неодговорно е да се шират шпекулации и да се прават обиди за политизација.

Пласирањето на ваквите шпекулации, од кои дел и во дневно-политички цели, е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на шпекулации.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ПРОЛЕТ СРЕДЕ ЕСЕН: Температурите ќе скокнат и до 24 степени – Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Расчистено намерно опожарување автомобил во Скопје, постапка против едно лице

ДЕСК

Српски камион се заби во објект на царинската управа – оштетен е кровот и рампата

ДЕСК