Претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денес одржа средби со Јонас Андерсон и Азра Мурановиќ од Меѓународниот центар „Олаф Палме“- чадор организација на шведското работничко движење за меѓународна солидарност и застапување, пратеници во Шведскиот парламент и претставници на Институтот Прогрес кој ги промовира социјалдемократските вредности во државата.
Вицепремиерот Маричиќ истакна дека важноста на проевропскиот фронт е императив во намерата на исполнување на стратешката цел за приклучување на Северна Македонија кон Европската Унија.
Присутните се сложија дека нашата држава мора да продолжи со својата мисија за исполнување на целта за просперитет, реализација на реформите но и превземање на одговорноста од страна на сите политички партии со цел успешно водење на државата во ЕУ.
Маричиќ со Андерсон и Мурановиќ заклучија дека час поскоро мораме да ја искористиме шансата да се вклучиме во европскиот фронт каде што се вклучени сите. Поддршката од шведските парламентарци е од исклучително значење за европската агенда на Северна Македонија, секогаш подготвени да го дадат својот придонес за што сме исклучително благодарни, информираат од Секретаријатот за европски прашања.