14.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

УХМР издаде метео предупредување, следува голема промена на времето: Доаѓа многу дожд и снег

Под влијание на влажен бран утре ќе има локални врнежи од дожд. Ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе засилува, а од понеделник температурите ќе опаднат. Нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег се очекува во среда и четврток.

Прогноза за 04.12.2023
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 11°C

Наутро променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и посвежо. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне наместа долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 05.12.2023
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 4°C до 11°C

Претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд.

Прогноза за 06.12.2023
Минимална температура: 1°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 12°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.