„Се движите кон изборен период. Знаеме дека се е тешко во таков период. Нема да коментирам дали работите ќе се случат сега или подоцна, но јасно е дека има понуда на маса. Некој може да каже дека ќе дојде со подобра понуда. Но, ако не ви каже за што точно станува збор и не ви каже зошто другите би ја прифатиле, само се обидува да ве измами. И се надевам дека гласачите се попаметни од тоа,” рече помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.
На прашање каде го гледа можниот излез за да се случат уставните измени и Северна Македонија да ги продолжи преговорите и да стане членка на ЕУ, О`Брајан посочи дека
О`Брајан порача дека е важно Северна Македонија и соседите да наоѓаат начини за да се движат напред, а единствениот пат напред е да се реши прашањето за уставните измени.
,,Има понуда на масата, треба да ја земете. Ако не ја земете, и вртите грб на историјата, искрено. Тој пат може да изгледа задоволувачки, но тоа ќе ја чини вашата економија, ќе причини повеќе луѓе да сакаат да ја напуштат земјата и, генерално, ќе ја уназади земјата”, потенцираше помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија.
Тој уште еднаш ја потврди силната поддршка која нашата држава ја има од САД за ЕУ, но посочувајќи дека има некои политички структури мислат поинаку, кои според О`Брајан можеби добиваат пари од некои места, а некои пак имаат легитимни аспирации на малцинското гледиште.
,,Мислам дека мнозинството сака да е дел од Европа и ние го поддржуваме тоа. Овој конкретен компромис ние мислиме дека е само дел од тоа како една држава станува целосно европска, рече О`Брајан.
Тој укажа дека ЕУ е изградена на компромиси и дека секија држава или регион доаѓаат од места каде со векови имало конфликти, од еден или друг вид, некогашни војни, некогаш само тензии.
,,И ако тие го ставиле тоа настрана за да бидат заедно во овoј голем потфат за создавање нација на ЕУ, тоа е процесот низ кој поминува оваа земја сега”, одговори помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија.