Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно време со максимална температура до 15 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини.

Попладне од запад облачноста ќе се зголемува и преку ноќта во крајните западни делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 15 степени, јавува УХМР.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно, утре наутро ќе има појава на магла по котлините. Во петок и на почетокот на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и побрзо топење на преостанатата снежна покривка. Во недела се очекуваат врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен.

Можеби ќе ве интересира

Внимавајте на автопат: Додека бил паркиран, застанал автомобил од кој излегле петмина и со закана од огнено оружје го ограбиле

ДЕСК

Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена

C +

Мицкоски: Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД

C +