24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски во едно попладне се сретна со Блинкен и Борел – потврда за меѓународното позиционирање и поддршката за земјава

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, средби на кои беше истакната поддршката за интеграциите на Северна Македонија, но и средби кои се потврда за улогата која земјава ја игра на меѓународен план.

Блинкен на средбата со Ковачевски истакна дека САД го цени придонесот на Северна Македонија како НАТО сојузник, но и како фактор на стабилност на Западен Балкан. ржавниот секретар посочи дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во нејзините следни чекори кои треба да го обезбедат членството во ЕУ и искажа голема почит за храбрите и државнички одлуки кои Владата ги презема за исполнување на таа цел.

Високиот претставник на ЕУ, Борел, исто така изрази поддршка за европските интеграции на земјава и ги поздрави заложбите на Владата, но и лично на премиерот Димитар Ковачевски за внесување на Северна Македонија во Европската Унија.

„Ова е прилика која треба да ја искористите. И за тоа имате целосна наша поддршка. Ќе останам на ваша страна, на страната на Северна Македонија, на нејзината Влада, ќе ве придржувам кон патот на напредокот, кон крајната цел што е членство во ЕУ“ рече Борел.

И двајцата високи дипломати го поздравија и го оценија како успешно претседавањето на земјава со ОБСЕ, како и конструктивниот пристап во реализацијата на агендата и адресирањето на предизвиците со кои се соочува Организацијата.