„Вашата одлука да дозволите Лавров да учествува е во согласност со нашата заедничка цел да го оддржиме мултилатератизмот жив и Лавров треба повторно да слушне од сите зошто ја осудивме Русија и зошто ја осудуваме“ рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедносни прашања, Жозеп Борел по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.
Тој додаде дека присуството на Лавров во Скопје е добра прилика да чуе директно од учесниците на Министерскиот состанок на ОБСЕ зошто Русија е осудена и изолирана, а потоа ќе може да се врати во Кремљ и таму да каже дека ЕУ и ОБСЕ остануваат обединети во осудувањето на агресивното однесување на Русија.
„Тоа ќе биде навистина многу корисно од оваа гледна точка. Од друга страна од суштинско значење е министерскиот состанок да се осигури дека ОБСЕ ги има сите можни средства на расплагање за да може да функционира ефективно. Ние не сакаме да ја изгубиме работната способност на ОБСЕ и сакаме да ви честитаме вам на Северна Македонија што ја завршивте како претседателство токму во овие тешки времиња“ рече Борел.
Високиот претставник на ЕУ се заблагодари на Северна Македонија за успешното претседателство во тешки времиња.