25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Национализмот е силна страна на слабите политички опции

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за ЦИВИЛ медиа говореше на стратешки и сеопфатни теми, за текот на евроинтеграцискиот процес, и предизвиците на државата како што се дезинформациите и национализмот.

Во контекстот на интервјуто беше земено политичкото опкружување, потенцирајќи дека во светлината на предизборниот период националистичките наративи стануваат најчеста алатка во дезинформациските кампањи и хибридните закани во Северна Македонија.

Медиумите, граѓанските организации и други институции дневно се соочуваат со наративи што ризикуваат да подигнат тензии во земјата, општеството и меѓу заедниците. За разрешување на ова прашање, МАРИЧИЌ ја истакна важноста на улогата на државните институции, образовните установи и граѓанското општество.

„Исто како што имаме секојдневни кампањи за извесни принципи, вредности, како што се спречување и казнување на насилство врз жените, или врз децата. Како што се промоција на родовата рамноправност, како што е која било од овие вредности поврзани со демократијата, така е подеднакво важно на секој граѓанин да му биде обрнато вниманието кон тоа како да се одбрани од дезинформациите и од говорот на омраза, и како самиот да не учествува во тоа. Бидејќи граѓаните секој ден се мета на напади од дезинформации, голем дел и наседнуваат на тие дезинформации.

И затоа е битно, кон ова прашање да се настапи со подеднакво внимание и значење, како и кон сите други прашања. И тука е улогата на граѓанското општество. Мислам дека тука треба и похрабро, и поотворено да се кажуваат некои работи, и да се означуваат лажните вести, дезинформациите и говорот на омраза, ако сакаме да го заштитиме здравото ткиво на нашето демократско општество.

Нашата земја, Северна Македонија, е скроена да биде успешен мултиетнички модел, општество. Затоа е битно тој модел да го браниме на соодветен начин, со вистински информации, со вистински активности и со политички концепти коишто го штитат тој модел. Национализмот е многу атрактивна идеја, што обично се користи во предизборието.

„Национализмот е силна страна на слабите политички опции!“