25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНО

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски извршија увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата Калош Дани во општина Карпош

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски извршија увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата Калош Дани во општина Карпош.

– Градот Скопје во изминатиот период реализира голем број на капитални инфраструктурни проекти со кои овозможуваме подобра поврзаност и мобилност на граѓаните, како и зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот. Екипите на јавното претпријатие Улици и патишта кои работат активно на терен, ќе ги изведат градежните работи на коловозот на улицата во вкупна должина од 2000 метри, а предвидени се соодветни вело и пешачки патеки со што се реализира уште едно ветување од програмата За модерно Скопје, за развој на велосипедската мрежа од приградските населби кон централното градско подрачје. – истакна градоначалничката Арсовска.

На оваа локација, потребно е да се изврши и реконструкција на секундарната сообраќајна мрежа, која во моментов е во многу лоша и руинирана состојба, со огромни ударни дупки и е небезбедна за учесниците во сообраќајот. Реконструкцијата на улицата Калош Дани е од витално значење и се реализира на барање на граѓаните кои се движат секојдневно на овој потег – рече градоначалникот Јакимовски.

Реконструкцијата на оваа улица се реализира со меѓуопштинска соработка меѓу Градот Скопје и Општина Карпош, а градежните работи ги изведува јавното претпријатие „Улици и патишта“.