10. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Повторно снег во Македонија, па пресврт со времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре времето ќе биде облачно на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови.

Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд.

Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2. Ќе дува засилен јужен ветер. Слаби врнежи ќе има и во среда, а во четврток ќе има појава на магла по котлините.

Прогноза за 29.11.2023
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 3°C до 11°C

Променливо облачно, претпладне претежно во западните и северните делови од земјата со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 30.11.2023
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 5°C до 12°C

Променливо облачно, по котлините со појава на магла, особено претпладне. Ќе дува слаб јужен ветер.

Прогноза за 01.12.2023
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 7°C до 15°C

Променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен правец.