13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Македонците „оставија“ 16 милиони евра во Србија само во јануари годинава: Трети по бројот на посетители во оваа соседна земја

Во јануари годинава македонските туристи „оставиле“ најмногу пари во Србија, односно потрошиле 16 милиони евра. Според податоците на Туристичката организација на Белград, туристите од Северна Македонија биле трети по бројот на пристигнувања во јануари годинава.

– Белград со раширени раце ги пречекува гостите од регионот, а особено добредојдени се гостите од Северна Македонија – изјави помошникот директор на белградската туристичка организација Слободан Унковиќ по повод промоцијата на ТОБ во Скопје објави српски Телеграф..

На настанот, белградската туристичка организација промовираше настани по повод претстојните новогодишни празници во Белград, како што е „Белградска зима“, за која туристите од Северна Македонија се исклучително заинтересирани.

За време на промоцијата за помалку од два часа беа потпишани над 60 договори меѓу белградските хотелиери и македонските туристички агенции.

Амбасадорката на Србија во Скопје, Невена Јовановиќ, најави дека Северна Македонија ќе учествува на ЕКСПО 2027 во Белград.

На презентацијата на Белград присуствуваа и претставници на здружението на Србите СПОНА, како и директорот на Македонската агенција за развој на туризмот Љупчо Јаневски, кој најави заеднички проекти во рамките на Отворен Балкан.

Поради најавената изградба на модерна пруга од Ниш до Скопје, на промоцијата на Белград се приклучија и ТО Ниш и „Планинка“, како и „Планинка“ која ја промовираше Куршумлијската бања, со оглед дека акцентот беше ставен на новоотворените хотели.

Можеби ќе ве интересира

Добра вест: Поевтинуваат горивата

ДЕСК

Објавена листа на должници со имиња на фирми и луѓе – кој колку должи за данок кон државата?

ДЕСК

Просечната цена на електричната енергија пресметана по KWh за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, во првото полугодие од 2025 година, во однос на второто полугодие од 2024 година, бележи пад од 8.7 %

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.