25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачки продолжува со лажните вести: Концерт на Лепа Брена од Софија се обиде да го претстави како салата Борис Трајковски во Скопје

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки продолжува со ширењето на лажни вести обидувајќи се да освои ситни политички поени. Последниот негов обид е слика од концерт на Лепа Брена и Драгана Мирковиќ од Софија да ја претстави како салата Борис Трајковски во Скопје.

Поставените столчиња и маси за концертот тој се обиде да ги претстави како уредувањето на салата Борис Трајковски, каде идната недела ќе се одржи самитот на ОБСЕ на кој ќе присуствуваат повеќе од илјада учесници од 70 странски делегации.

Обидот за дискредитација на министерскиот самит на ОБСЕ за време на претседавањето на Северна Македонија со организацијата од страна на Ковачки само покажува дека ВМРО-ДПМНЕ повторно застанува против државата и стратешките интереси.

Ова не е прв пат Ковачки, кој ја напушти Армијата за да биде пратеник, споделува лажни вести во обид да креира револт и освои ситни политички поени. Претходно тој објави дека во Косово биле уапсени припадници на военото разузнавање, вест која што сите служби ја демантираа.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО и ВИДЕО) Светна Телекомуникациската кула веднаш до Милениумскиот крст – повисока е од него, а ќе има и ресторан кој ќе врти 360 степени за 1 час

ДЕСК

Температурите повторно одат нагоре: Синоптичарите објавија временска прогноза – пеколно жешко и до 37°C

ДЕСК

Работник – српски државјанин повреден при градежни активности во Гевгелија

ДЕСК