Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ист Гејт продолжува со работа, решен е проблемот со запаленото возило

Од МВР велат дека запалено возило во подземниот паркинг било причината поради која се активирал алармот во трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје и беше наредена евакуација на вработените и посетителите..

„Денеска во 13.42 часот е пријавено дека во ТЦ „Ист Гејт мол“ се вклучиле противпожарните аларми, при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано. Утврдено е дека станува збор за запалено возило „рено лагуна“ во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето“, велат од МВР.

Од трговскиот центар соопштија дека проблемот на паркингот кај едно од возилата е навремено детектиран и веднаш е решен.

„Tрговскиот центар е безбеден и продолжува да работи со регуларно работно време“, објавија од „Ист Гејт“.

Можеби ќе ве интересира

Замрзнат имот во Србија и Македонија од осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

ДЕСК

Страшна сообраќајка ја потресе Македонија: Автомобил излета од пат, еден загинат – познати деталите

ДЕСК

„Влен“: Таравари отиде за шест општини, остана со четири, заврши со нула

C +