22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска за протестите: Да бидеме реални, платите некаде се зголемени и 100 отсто

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, рече дека протести на улица може да се видат во земја во која владее демократијата за разлика од порано кога никој не смееше да протестира одговарајќи на новинарско прашање за протестите на УПОЗ.

„Легитимно е да се протестира, меѓутоа легитимно е и да се информира јавноста дека е потпишан новиот општ колективен договор, каде што и УПОЗ е член во Сојузот на синдикатите. Со новиот договор платите во септември на сите вработени во јавниот сектор ги зголемивме 10 отсто. Предвидено е и зголемување на платите во септември 2024 и од март 2025 да може да се воспостави новата методологија со коефициенти помножени по просечната плата. Тоа е договорот што по 16 години го склучивме со Сојузот на синдикатите и се договоривме дека тоа ќе биде методологијата за раст на платите“, вели Тренчевска.

Таа потсети дека во минатото, во целата јавна администрација, судството, образованието, здравството, полицијата, градинките, беа покачени платите во неколку наврати најмалку по 10 отсто.

„Легитимно е да се протестира, но треба да бидеме реални колку беа платите во 2017, а колку се сега. Ќе видиме дека платите некаде се дури и 80, 90 и 100 отсто покачени од она што беше претходно“, додаде Тренчевска.