16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Бочварски: Околу 1 милион евра инвестираме за подобрување на локалните улици во Кавадарци

До сега реконструиравме девет улици во општина Кавадарци, за што преку Министерството за транспорт и врски инвестиравме околу 1 милион евра, а следната година предвидено е да реконструираме уште две локални улици, истакна министерот Благој Бочварски кој денеска со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска извршија увид во реконструираната улица Димката Ангелов Габерот.

Ова е дел од Проектот за реконструкција на локалните улици низ општините за што Владата инвестира вкупно 70 милони евра.

Министерството за транспорт и врски во континуитет дава силна подршка на општините за проекти кои се од суштинско значење за граѓаните и за развој на локалната економија, потенцира министерот Бочварски.

„Владата преку Министерството за транспорт и врски инвестираше околу 1 милион евра во општина Кавадарци и слободно можам да кажам дека тука во Кавадарци реконструиравме најголем број на улици и тоа:
ул. Дисанска
Западен Булевар
ул. Илинденска
ул. Пионерска
Ул. Браќа Џунови
Ул. Димката Ангелов Габерот на која што се наоѓаме денеска.
Понатаму, улицата Слога, улица Вељко Влаховиќ и улица Максим Горки.
Од тука сакам да најавам дека следната година ќе ги реконструираме и улиците Ѓорѓи Соколов и улицата 25 Мај, за кои постапките во Министерството за веќе започнати.
Исто така во делот на патната мрежа континуирано вложуваме и за рехабилитација на регионалните патишта во и околу Кавадарци.
Целосно го реконструиравме транзитот низ Кавадарци, патниот правец кон Дреново, патот кон Росоман, го реконструиравме и патот Мушов Гроб – Мрежичко, а што е најважно со силна динамика работиме на изградба на експресниот пат од Градско кон Прилеп, како директен бенефит за сите граѓаните од Кавадарци и од регионот”, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Министерот додаде дека со средства од Министерството во висина од 2,5 милони евра е подобрена комуналната инфраструктура низ повеќе улици во општината Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК