Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Две години од трагичната несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 македонски државјани

Денеска, се навршуваат 2 години од трагичната несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 македонски државјани. Тешката сообраќајна несреќа се случи на 23.11.2021 година во 3 часот по полноќ на автопат, при што се запали македонски автобус.

Меѓу загинатите имаше и 12 малолетници. Во несреќата загина и возачот. Преживеаа 7 лица – 2 жени и 5 мажи.

На местото на огромната трагедија пристигнаа и шефови на државни институции на двете земји.

Автобусот беше еден од неколкуте со кои управуваше „Беса транс’, туристичка агенција со седиште во Скопје. Нуди редовни патувања во Истанбул за време на долгите викенди.

Можеби ќе ве интересира

Берлински процес во Лондон: Средба на МЕП Муртезани со британскиот министер за Европа, Доти

ДЕСК

Герасимовски: Во две смени работат нашите хигиничари, Комунална хигиена мора да се освести ни се спрема катастрофа

ДЕСК

Средба Гаши – Солстром

ДЕСК