24 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Со домаќинско работење го намалуваме дефицитот на пензискиот фонд

„Стабилноста на пензискиот фонд мора да ја одржуваме и да ја подобруваме, дефицитот кога дојде СДСМ во 2017 беше 47 отсто. Тоа значи дека државата финансира во пензискиот систем 47 отсто за исплата на пензии. Сега во моментот тој дефицит е 33 отсто“ рече министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во „Утрински печат“.

Таа додаде дека со домаќинско работење и добри политики кои значат стабилност, тој дефицит ќе се намалува и ќе се зголемува приходот во пензискиот систем преку придонеси.

„Мораме да го одржуваме стабилен пензискиот систем. Утре кога другите ќе отидат во пензија треба да бидат сигурни дека ќе добијат пензија. Сите овие 336.000 граѓани кои се пензионери, за да бидат сигурни дека секој 1 ќе им стаса пензијата на нивните трансакциски сметки, МТСП, Владата мора да се грижи за стабилност на пензискиот систем“ рече Тренчевска.