25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

„Украинска правда“: Македонија е втора балканска држава која успешно обучува украински војници, тоа го потврдува и Петровска

Северна Македонија е втората балканска држава, после Романија, која успешно ја заврши тренинг програмата за првата група на украински војници, пишува украинскиот медиум, „Украинска правда“, повикувајќи се на неодамнешното интервју на министерката Славјанка Петровска за јавниот телевизиски сервис.

Петровска во интервјуто потврди дека обуката била спроведена во објекти на Армијата, со соодветна одлука на Владата и дека се до сега се држела во тајност.

„Се понудивме и веќе ја реализиравме првата обука, првиот тренинг на украински војници кои успешно ја завршија обуката во земјава во објекти, во локации кои се сопственост на Армијата на за што беше донесена соодветна одлука на Влада, а која од безбедносни причини ја соопштуваме откако таа заврши“– истакна министерката Петровска во гостувањето на националниот сервис.

Додаде и дека ваквиот вид на поддршка и преку тренинзи и преку обуки кои се димензионирани согласно побарувањата на украинската страна ќе продолжи и во текот на 2024 година и сè додека за тоа има потреба.

Во текстот, „Украинска правда“ потсетува дека Македонија во 10 наврати донирала воена помош за Украина, како и дека тоа македонската помош е една од најголемите од сојузниците, додавајаќи дека се работи за држава од само два милиони жители.