25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Силната поддршка од нашите партнери е гаранција за успешно изодување на патот кон ЕУ

Заменик претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, оствари средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, и Анжеј Франгеш специјалниот пратеник на Република Словенија за Западен Балкан.

Фокусот на средбата беше посветен на реализацијата на евроинтеграцијата на Северна Македонија, со споделување на искуства и мислења за користење на бенефитите за планот за раст, уставните измени, реформите и извесноста на европската перспектива на Западен Балкан.

Заедничката детерминираност на Северна Македонија и државите од Западен Балкан за влез во унијата како и постојаната силна поддршка од нашите партнери е гаранција за напорите кои ги вложуваме и овозможуваат успешно изодување на патот кон ЕУ.

На средбата беше потврдено заедничкото пријателство и поддршката за напредокот кон ЕУ од двете пријателски земји, Словенија и Германија на Северна Македонија.

Маричиќ заедно со специјалните пратеници востановија дека членството во ЕУ ќе биде извесно, а новиот План за раст, подадената рака од Европската Комисија треба што поскоро да се прифати и во целост искористи со цел реализирање на нашата стратешка цел за влез во ЕУ.

Двајцата специјални пратеници за Западен Балкан, Сарацин и Франгеш неспорно ја потврдија стратегијата на Европската Комисија за идното проширување, која презентира конкретна слика за реализација на вклучување на регионот на Западен Балкан во ЕУ и ја поддржаа нашата заложба за превземање на следните конкретни мерки во процесот на преговорите, реализација на реформите и овозможување на бенефитите за граѓаните преку Планот за раст за Западен Балкан.

Вицепремиерот ги потврди заложбите и посветеноста на Владата за натамошна успешна реализација за европската иднина на Северна Македонија.

За крај, Маричиќ се заблагодари на поддршката на Германија и Словенија кои се наши политички, економски партнери, и сојузници во исполнувањето на реформската агенда и на стратешките цели на патот кон ЕУ.