25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Со ДПМНЕ и Левица следи само хаос и тензии

-Дивеењето на Левица во Собранието потврди дека со Левица и нивниот коалициски партнер ДПМНЕ можни се само инциденти, насилства и хаос. Односот на Левица и ДПМНЕ кон Собранието е однос кон државата, однос кон граѓаните, соопшти СДСМ.

-Целата македонска јавност се увери каков хаос и тензии следат со Левица и ДПМНЕ. СДСМ нема да дозволи сценаријата на проруската Левица и нивните коалициски партнери да успеат, се вели во соопштението.