Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Блокадата на европскиот пат има име и презиме: ДПМНЕ и Мицкоски – велат од СДСМ

Блокадата на европскиот пат на државата и европските има име и презиме: ДПМНЕ и Мицкоски. ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да ја турнат земјата и ги граѓаните во нова изолација и неизвесност, економско назадување, соопшти СДСМ.

„Лагите на опозицијата за бугаризација, асимилација, губење на македонскиот јазик и идентитет, целосно потонаа. Ниту има бугарски диктат – преговарачката рамка е поддржана од сите 27 земји членки на Унијата.

Од донесувањето на уставните измени зависи отворањето на поглавјата во преговорите со ЕУ, откако ќе заврши скринигот на почетокот на наредниот месец.

Европската иднина носи европски стандарди, повисоки плати и пензии, отворен пазар од 500 милиони жители за македонските компании, пристап до европските фондови.

Блокадите без аргументи на ДПМНЕ се на директна штета на државата и на народот.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – нашата борба можеби е тешка, но е праведна

ДЕСК

Драстични промени со времето, прво дождови, па значително зголемување на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ: „Плусинфо“ манипуира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!

ДЕСК