5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Полни сали на едукативните трибини „Не чекај, превенирај!“ организирани од СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија деновиве организираше повеќе едукативни трибини за подигање на свеста, соодветна информираност и знаење во заедничката борба за подобро женско и машко здравје.

Под слоганот „Не чекај, превенирај!“, СДСМ организираше трибини во Струмица, Скопје, Прилеп, Гевгелија, Велес и Кичево.

-Навремените прегледи и превенцијата се клучни за здравствената состојба на секој поединец. Да ја подигнеме свеста кај граѓаните и да им помогнеме да го зачуваат нивното здравјето, бидејќи тоа е најголемото богатство. СДСМ и понатаму активно продолжува со вакви трибини и со грижа за граѓаните. Не чекај, превенирај! – објавија од партијата на социјалните мрежи.

На трибините со свои обраќања придонес дадоа врвни доктори, професори и специјалисти, а еден од нив беше и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

Одговори на сите важни прашања за здравјето на секој човек, со стручни совети и соодветни насоки даваа докажани експерти, медицински лица, врвни македонски доктори, професори и специјалисти од различни области.

Покрај медицински лица, на трибините присутни беа и политичарите, а во Струмица гостин беше и поранешниот премиер Зоран Заев.

На трибините се забележува и големо присуство на граѓаните, според фотографиите објавени на официланата Фејсбук страница на СДСМ, салите беа исполнети до последното столче.

Фото: СДСМ/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Бројот на вработени намален за 17.000 – погубни економски политики на ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК

Претрес во Скопје запленети околу 100 грама кокаин

ДЕСК

Претрес во Стојаково, пронајдена дрога, кривична пријава и притвор за едно лице

ДЕСК