Денеска се слави слава по повод Света Петка Преподобна Матрона Цариградска, а утре се празнува овој голем христијански православен празник.
Од Пергија Памфилиска. Брзо ? се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека и под името Вавила стапи во машкиот манастир на Св. Васијан во Цариград. Но бидејќи мажот ? непрестајно трагаше по неа, таа беше принудена да смени многу места, како Емеса, Синај, Еусалим, Бејрут и најпосле повторно дојде во Цариград. Се замонаши кога имаше дваесет и пет години, а се подвизуваше седумдесет и пет години. Живееше вкупно сто години и кога се упокои беше игуманија на еден манастир во Цариград. Мирно почина и се пресели во радоста на својот Господ, во 492 година.
Тропар
Великото име Божјо, твоето срце го прими о, Матроно преподобна мајко наша, поуки и сведоштва за животот подвижнички оставајќи ни, Христос те всели во небесните одаи, од таму моли се за оние кои од твојот пример, поучени го празнуваат твојот свет спомен, и Бога Го прославуваат во вечни векови.